Колку вашата граѓанска организација има познавањe за рекламирње со Meta Ads Manager?
Дознајте повеќе за можностите на едночасовна бесплатна работилница во организација на ФОРУМ 16.
- 10 мај 2022 година (вторник)
- 18 часот
- Google Meet
Целта на работилницата е да разберете
- Како да ги поврзете целите на организацијата и/или проектот со целите на рекламите во Ads Manager
- Како да идентификувате можности во напредните функции за таргетирање, како и во креативните формати на рекламите во Ads Manager
- Како да го разберете известувањето во Ads Manager и како тоа може да обезбеди подлабок увид во рекламните кампањи
Ако сте заинтерсирани за учество, пријавете се до 5-ти мај на следниот линк.
Работилницата ќе ја води Наташа Чавдаровска, Meta Certified Digital Marketing Associate Trainer.
Насловна фотографија од Timothy Hales Bennett на Unsplash.