ПРОГРАМИ
(СТ)АРТ
Кој ако не младите
Лабораторија за фузија
Услуги
ШТО Е ФОРУМ16
Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 е невладино, непартиско, непрофитно и нерелигиозно. Здружението е форум за отворени дијалози што се фокусираат на прашања од заеднички интерес на членовите на Здружението, како и на прашања од интерес на останатите граѓани. ФОРУМ 16 е основано во 2013 година. Визијата е да им помогне на граѓаните на Република Македонија да имаат подобар живот преку нови иницијативи кои промовираат активно граѓанство, можности и ангажман во граѓанското општество. Мисијата е да им помогне на граѓаните на Република Македонија во остварувањето на своите идеи во областа на културата, уметноста, економијата, образованието и социјалната одговорност, како и да мотивира вклучување на граѓаните во тековните програми, проекти и активности. Целите се: 1. Да охрабри и поддржи младински активизам во областа на културата, економски развој, локалната власт, спортот и образованието. 2. Да промовира и поддржи граѓанските иницијативи кои поттикнуваат социјален напредок, европски вредности и меѓународна соработка. 3. Да охрабри и поддржи претприемачкиот дух и зајакнување на екосистемот во Македонија за формирање на бизниси, граѓански организации и социјални претпријатија. 4. Да охрабри и поддржи волонтерство и неформално образование.
НАШИОТ ТИМ

Наташа Чавдаровска

Ивана Ивановска

Владимир Ристевски

Бојана Поповска

Марија Костовска
