Кино Кабаре Битола 2018: Проекција на кратки филмови

КиноБит ве поканува на проекција на кратки филмови на 14 октомври 2018 година во 18 часот, во Малата сала на Центарот за култура во Битола.

Кратките филмови се изработени од страна на учесниците (феноменални млади луѓе) за време на настанот Кино Кабаре Битола 2018. Со овој настан КиноБит и официјално е дел од светското Кино движење (Kino movement) кое започна во Монтреал, Канада, во 1999 година. Концептот на ова движење е изработка на кратки филмови во краток временски период (48-72 часа) без никакви или со малку ресурси.

КиноБит има специјална мисија – да го искористи краткиот филм како средство за промовирање на човековите права во Македонија.

Иницијатор за формирање на КиноБит е Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16, а партнерска соработка за првиот Кино Кабаре настан беше воспоставена со организациите СФЕРА и ЦЕРИ (ПОЛИТЕА). Поддршка имавме и од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола и НУ Центар за култура Битола. Благодарност должиме на Пекара „Александар“, БиМилк и Пицерија „Метро“.

Се гледаме на кино!