Повик за волонтер(к)и

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола за потребите на Проектот „Градење капацитети за менаџирање на настани за собирање средства“ објавува повик за ангажирање на 3 волонтер(к)и.

Профил на волонтер(к)ите:

  • Скромно искуство во граѓански сектор и работа на проекти
  • Желба за стекнување нови знаења и вештини
  • Интерес за филм и за човекови права
  • Возраст: 16 – 35 години
  • Место на живеење: Битола
  • Одговорни, комуникативни и креативни

Одговорности на волонтер(к)ите:

  • Промоција на активностите на проектот (распределба на промотивни материјали)
  • Помош при креирање на документи за потребите на проектот
  • Помош при креирање дигитални содржини и познавање за визуелно презентирање на содржини во форма на инфографици, постери и банери и слично
  • Редовни состаноци со Проектниот менаџер и тимот на проектот
  • Учество на едукативни настани и работилници во рамки на проектот
  • Логистичка поддршка за време на проектните активности

Период на волонтирање: ноември 2018 – мај 2019 година

Волонтерски надомест: За ангажманот на волонтерите е предвиден паричен надоместок (кој ќе биде исплатен на крајот од ангажманот).

Начин на пријавување: Вашето мотивационо писмо (во кое ќе го објасните вашето формално и неформално образование, како и интересот за позицијата) испратете го на contact@forum16.eu со назнака ПРИЈАВА ЗА ВОЛОНТЕР – (име и презиме), најдоцна до 26.11.2018 година, до 17 часот. По завршување на повикот ФОРУМ 16 ќе стапи во контакт со селектираните кандидати кои ќе бидат повикани на интервју.