ФОРУМ 16 спроведе „Ние сме визуелни“ работилници во Американско катче Битола

Во рамките на нашата (СТ)АРТ програма, која промовира човекови права преку уметноста, ФОРУМ 16 почна да го користи Прирачникот „Ние сме визуелни“ кој е подготвен од страна на МакеДокс. Овој Прирачник е наменет за едукатори од формалното и неформалното образование на млади луѓе на возраст од 12-18 години, а целта на Прирачикот е да го промовира образованието за човекови права со користење на документарен филм.

ФОРУМ 16 претходно соработуваше со Американското катче во Битола, па затоа и овој пат одлучивме да ја продолжиме нашата соработка со организирање на филмска вечер со интерактивни сесии и дискусии за краток документарен филм избран од Прирачникот, а кои филмови се однесуваат на различни права од социјална или економска сфера. Филмските вечери во петок во 18:00 во текот на февруари и март 2017 година.

Следниве кратки документари филмови беа прикажани:

„Кратка историја на Џон Балдасари“ САД / 2012 / 6’ Режија: Хенри Џуст и Ариел Шулман //Henry Joost & Ariel Schulman//

„Талибу Дибу Даучу“ Бугарија / 2008 / 4’ Режија: Борис Десподов //Boris Despodov//

„Дрона и јас“Холандија / 2009 / 19’ Режија: Кетрин Ван Кемпен //Catherine van

„Се викам Фекер“Етиопија / 2011 / 13’ Режија: Орландо вон Ајнзидел //Orlando von Einsiedel//

„Законот на Рајт“ САД / 2012 / 12’ Режија: Зак Конкл //Zack Conkle//

„Затворено заради одржување“Шкотска / 2009 / 10’ Режија: Адам Стафорд //Adam

Во овој период ја разгледуваме можноста за продолжување на програмата. Затоа коментари од заинтересираните лица во врска со најдобрите термини за сесии за се добредојдени. Оние кои се заинтересирани може да пишат на contact@forum16.eu и да ги споделат своите идеи.