ФОРУМ 16 дел од Коалицијата против фрлање храна

ФОРУМ 16 е една од неколкуте организации кои се локални партнери во проектот „В-С-С ефект – градење на капацитети и подобрување на надлежностите за вистинско ублажување (со храна) на сиромаштијата“.

Овој проект всушност е 36 месечна кампања и акција, финансирана од Европска унија преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2016-2017. Проектот го имплементираат три партнерски организации: „Храна за сите – Банка за храна Македонија“, Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенска Банка за храна и асоцијативниот партнер: Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА). Проектот цели да ги подигне капацитетите на граѓанските организации, да промовира култура ПРОТИВ фрлањето храна и ЗА донирање на вишоците храна, како и да се застапува за подобри политики и програми за справување со фрлањето храна и депривацијата во исхраната.

Дел од активностите на локалните партнерски организации вклучуваат работилници, настани за вмрежување, презентации, кампањи за застапување, лобирање и подигнување на јавната свест за темата (медиумска кампања, тркалезни маси и сл.) и повик за финансиска поддршка на микро проекти.