Повик за членови за 2019 година

Ако сте заинтересирани за развој на граѓанското општество, за унапредување на човековите права преку уметност, за подобрување на положбата на младите или, пак, за јакнење на соработката меѓу бизнис секторот и граѓанските организации преку креирање на заеднички простор за работа и учење, тогаш ова е одлична можност за вас.

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола ги повикува сите заинтересирани граѓани на Република Македонија постари од 16 години да станат членови на организацијата. Членови на ФОРУМ 16 можат да бидат и странски државјани постари од 18 години.

Заинтересираните лица може да аплицираат за приружни или редовни членови на ФОРУМ 16.

  1. Редовни членови можат да бидат физички лица постари од 18 години кои платиле годишна членарина. Редовните членови можат да присуствуваат на седниците на Собранието и имаат право на глас.
  2. Придружните членови можат да присуствуваат на седниците на Собранието, но немаат право да даваат предлози и немаат право на глас. Овој вид на членство е бесплатно. Придружни членови можат да бидат:
  • Граѓани на Република Македонија на возраст од 16 и 18 години;
  • Волонтери вклучени во проектите на Здружението;
  • Почесни членови кои придонеле за мисијата на Здружението, а именувани од страна Претседателот.

Чекорите за да станете член на ФОРУМ 16 се следниве:

  • Пополнете апликација за членство, испечатете ја, потпишете ја, скенирајте ја и пратете ја на contact@forum16.eu
  • Чекајте да добиете потврда од тимот на ФОРУМ 16
  • Уплатете членарина. Согласно одлуката на Управниот одбор на организацијата, членарината за 2019 година е 300 денари (5 евра). Уплатата, со цел на дознака: членарина за 2019 година, може да се изврши на сметката на ФОРУМ 16.

За дополнителни информации ве замолуваме да пишете на contact@forum16.eu.

Со почит,

Тим на ФОРУМ 16