Повик за доставување на понуди за експерти

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола за потребите на Проектот „Градење капацитети за менаџирање на настани за собирање средства“ објавува повик за набавка на услуги – привремено ангажирање на 2 (два) експерти.  

Предмет на ангажманот

Ангажманот на експертите е потребен за време на донаторскиот настан „Светло. Камера. Акција! За активни и вклучени млади“ кој е планиран за 16 март 2019 година во Битола. Овој настан, освен тоа што ќе помогне да се соберат финансиски средства за организирање на годишниот Кино Кабере настан во Битола (2-8 април 2019), истовремено е и настан за вмрежување со спонзорите и донаторите на Кино Кабаре Битола 2019, но и настан за едукација на граѓаните за важноста на филмот за граѓанското учество. Тоа е предвидено преку дискусија со два експети од земјава кои имаат искуство во сферата на ангажираната уметност.

Времетраењето на ангажманот е два работни дена во кои е предвидено соработка со проектниот менџер за изработка на план и програма за донаторскиот настан, учество на донаторскот настан и изработка на извештај (извештајот треба да бидат во слободен формат, со прилог time sheet, односно извештај за часовите).

Потребни квалификации

  • Универзитетско образование;
  • Минимум 3 години работно искуство во полето на филм/едукација за филм/човекови права;
  • Одговорност и соработка со проектниот тим;
  • Искуство во спроведување на работилници, презентации и слични настани на теми поврзани со ангажирана уметност.

Начин на пријавување

Вашата биографија, мотивационо писмо и линк до вашите дела испратете ги на contact@forum16.eu со назнака ПРИЈАВА ЗА ЕКСПЕРТ – (име и презиме), најдоцна до 31.01.2019 година, до 17 часот. По завршување на повикот ФОРУМ 16 ќе стапи во контакт со селектираните кандидати. При селекцијата ќе бидат овозможени еднакви можности и фер и непристрасен третман при ангажирање на експертите, без разлика на нивната раса, боја, пол, етничко потекло, возраст, попреченост, политичка поврзаност, брачен статус или сексуална ориентација.

Проектот „Градење капацитети за менаџирање на настани за собирање средства“  е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика.