Обука за социјално претприемништво во Битола

Во рамки на проектот: „Поддршка за развој на локални социјални претпријатија“ финансиран од Министерството за економија на Република Македонија, а спроведуван од Здружение Конект се спроведуваат еднодневни обукиво Струмица, Битола и Тетово за социјално претприемништво наменети за претставници од институциите, општините, бизнис секторот (големи, мали и средни претпријатија) и потенцијални социјални претпријатија.

Обуките ќе ви овозможат да ја разберете важноста и развојот на социјалните претпријатија и можностите за нивна поддршка. Обуката ќе ви помогне да ја унапредите соработката и практиките поврзани со социјалното претприемништво. Учеството ќе ви овозможи вмрежување и поттик да се запознаете подобро со потенцијалните и постоечките социјални претпријатија и да размените искуства и разни форми на соработка.

Со задоволство каниме претставник/претставничка на Вашата општина/ организација / компанија да земе активно учество на:

Обука за

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Битола, 28.03.2018г. (среда)

Почеток од 11:00 часот во хотел Треф

Поради ограничениот број на места за обуката (25 учесници), Ве молиме Вашето присуство да го пријавете во ФОРУМ 16  contact@forum16.eu или Конект на konekt@konekt.org.mk или на тел 02/ 3224 198 најдоцна до 27.03.2017 год. до 16:00ч.

Логистички информации:

  • Патните трошоци ги покрива организаторот во соодветна висина со приложени сметки
  • На обуката ќе биде обезбедно кафе и освежување за учесниците