„Фото порака“ по повод 21 март

На 15 март, волонтерите на ФОРУМ 16 ја започнаа активноста „Фото порака“ за да го привлечат вниманието кон Меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација, 21-ви март. Волонтерите ќе запираат различни луѓе во заедницата и накратко ќе споделат информации со нив за тоа што се случило на овој ден. Потоа ќе побараат да направат фотографија од нив која ќе биде проследена со порака за почит и поддршка. Собраните фотографии и пораки ќе бидат поставени на веб и Фејсбук страниците на  ФОРУМ 16 на 21 март. Активностите за споделување на пораките и фотографиите ќе продолжат до 25 март, крајот на Европската недела на акција против расизмот.

Член 1 од Универзалната декларација за човекови права вели дека сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Врз основа на член 2, секој има право на сите права и слободи утврдени во Декларацијата, без разлика на расата.

Сепак, расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата се проблематични во сите општества, а дискриминаторските практики се широко распространети, особено насочени се кон мигранти и бегалци, како и луѓе од африканско потекло.

Меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација се одбележува секоја година на 21-ви март. Овој датум беше избран за да се почитува споменот на луѓето кои починаа од рацете на полицијата за време на демонстрациите на 21 март 1960 година во Шарпевил, Јужна Африка. Учесниците на оваа мирна демонстрација сакаа да го изразат својот протест против законите на режимот на апартхејд, кој бараше задолжително сертифицирање на Африканците кои живеат во Јужна Африка. Тогаш полицајците пукаа на демонстрациите, додека 69 лица загинаа. Прогласувајќи го Денот во 1966 година, Генералното собраниена ООН  ја повика меѓународната заедница да ги удвои напорите за елиминирање на сите форми на расна дискриминација.

Расната и етничката дискриминација се случуваат секојдневно, и го попречува напредокот на милиони луѓе ширум светот. Расизмот и нетолеранцијата може да имаат различни форми – од негирање на поединците, основните принципи на еднаквост до разгорување на етничката омраза што може да доведе до геноцид.

Од почетокот на 1990-тите, UNITED ја координира секоја година околу 21 март Европската недела на акција против расизмот. Активистите, невладините организации, универзитетите, училиштата, општините и широк спектар на различни организации спроведуваат стотици активности низ цела Европа со цел да се стави крај на расизмот, дискриминацијата и нетолеранцијата.

Европската недела на акција против расизмот 2018 ќе се одржи од 17 до 25 март под слоганот „Разновидност – никогаш не е доволно!“

#StandUp4HumanRights #ShareSmilesNotInsults #NoHate