Услуги

22/07/2016

Тимот на ФОРУМ 16 е достапен да им помогне на поединци и неформални групи кои сакаат да истражат некаква потреба или проблем на заедницата или да развијат пристап за решавање на потребите на заедницата. Ние сме достапни за поддршка на потребите за обука и развој на мали и средни бизниси. Обезбедуваме консултации за дефинирање на проблемите, организациски системи и донесување одлуки, застапување, односи со јавноста и развој на проекти. Го нудиме нашето знаење на локалната самоуправа, јавните медиуми, организациите на граѓанското општество и други ресурси за да помогнеме другите да изградат подобра заедница. Ова може да се обезбеди преку една сесија за идентификација и бура на идеи, или преку долгорочна соработка која обезбедува неформална поддршка за активисти и иноватори, сметајќи дека тие се стремат кон подобрување на значајната социјална или економска состојба.

Развој на проекти

Тимот на ФОРУМ 16 има искуство во развој и управување со проекти од почетниот концепт до успешна имплементација. Ние можеме да обезбедиме поддршка или директно управување со целиот спектар на задачи вклучени во циклусот на развој на проекти, вклучувајќи проценка на потребите, аналитички и теренски истражувања, развој на концепти, пишување предлози, финансиско управување, мониторинг и евалуација и пишување извештај. Овие услуги можат да бидат обезбедени преку партнерства, директно управување или преку консултации за кои се плаќа соодветен надоместок.

Организациски развој

Тимот на ФОРУМ 16 има искуство во оценување на организациските предности и структура, планирање на стратешко позиционирање, организациски дизајн, кадровско екипирање и финансирање. Услугите може да се обезбедат преку консултации базирани на надоместоци за постојни организации или преку менторски партнерства во кои ФОРУМ 16 им помага на нови грасрут проекти или асоцијации преку директно управување во раните фази на развојот.

Неформално образование

ФОРУМ 16 е во состојба да обезбеди низа услуги за образование и обука, вклучувајќи работилници, семинари за обука и фасилитирање на настани и состаноци наменети за подобрување на личните вештини и проширување на можностите за поединци и групи. Тимот на ФОРУМ 16 е специјализиран за развој на меки вештини, односи со јавност и комуникации, развој на млади, јавна политика и застапување, претприемништво, социјално претприемништво, планирање на сукцесија на семејниот бизнис, развој на проекти и организациски развој.

Бизнис партнерства

ФОРУМ 16 активно бара партнерства со бизниси кои се заинтересирани да придонесат во заедницата на различни начини. Услугите на ФОРУМ 16 им се на располагање на бизнис секторот врз основа на надоместок, врз основа на спонзорства или партнерства во спроведување на активности од корист за заедницата. На пример, услугите за обука на персоналот обезбедени од страна на ФОРУМ 16 можат да се надоместат со придонес во проекти на Здружението од страна на компаниите, преку заеднички можности за корпоративна општествена одговорност. Во сите свои услужни активности, ФОРУМ 16 го следи Кодексот за етичко однесување на Светската асоцијација на невладини организации (WANGO).