На 1 и 2 октомври 2016, претставници на ФОРУМ 16 присуствуваа на состанокот на UnaVision Macedonia кој се одржа во Битола. UnaVision е глобална мрежа од поединци, организации и заедници кои работат за општото добро. За време на состаноците се разговараше за иднината на оваа мрежа во Македонија, се предлагаа идеи кои преку формата на кооперативи (задруги) или социјални претпријатија би можеле да се формираат во Македонија. Претставниците на ФОРУМ 16 презентираа две идеи и тоа: формирање на градина на заедницата во Битола и фомирање на заеднички простор за заедничка програма, простор за состаноци и работа (или Лабораторија за фузија) кои ќе им служат на поединци и организации од бизнис и од граѓанскиот сектор. Меѓу идеите кои беа споменати од останатите учесници беа и идеите за: формирање на задруга за софтвер, отворање на ресторан, социјална градина и други идеи.
Градина на заедницата е концепт кој нашето Здружение од неодамна почна да го истражува. Една од можните локации за ваква градина е старата касарна во Битола која е во близина на центарот на градот, на само еднакратка прошетка од големиот градски парк, музејот и од другите туристички атракции на градот. Исто така, старата касарна се наоѓа во близина на станбените згради покрај улицата Партизанска. Од 2011 година, старата касарна е наречена “Златен рид” и е во развој преку изградба на приватни станови (станбени објекти) и други разни комерцијални, владини и образовниинституции. Иако планот за развој на оваа област вклучуваи нови објекти за рекреација, досега нема развој на јавни места кои имаат цел да им служат на граѓаните на Битола.
На површината од околу сто хектари постојат многу неискористени и запуштени локации кои може да се користат за развивање на нови и на иновативни јавни места. Исто така, има и доволно времеовие локации да бидат дел од крајниот план на локалните власти за развој на оваа површина. Нашиот концепт предвидува да се развие еден дел од овој простор (старата касарна) како градина на заедницата, каде што жителите од станбените објекти од цела Битола ќе можатда одгледуваат цвеќиња или храна, ќе се рекреираат на поинаков начин преку делење на заеднички простор, преку учење и предавање, а со цел да се создаде поздрав и поубав град. По дискусијата со нашите колеги, ние ќе предложиме да работиме на проширен концепт за да се вклучат со парцели во градината на заедницата и лицата со посебни потреби и други лица кои добиваат некој вид на социјална помош.
Градините на заедницитепостојат во многу земји во светот. Корисниците на овие градини можат да обезбедат свежи производи и растенија, како и да придонесат за: чувството на заедништво и поврзување, животната средина, рекреација преку работа и подобрување на соседството. Со нашата идеја, градината на заедницата Битола ја замислуваме како мала градина со парцели на што повеќе луѓе, а која има заеднички простор за собирина заедницата и за едукативна програма за деца и возрасни. Оваа градина ќе биде уредена со камени патеки и места за седење. Градинарите ќе бидат охрабрени да ги користат нивните производи, но и да формираат заеднички проекти за продажба и донирање на цвеќе и зеленчук за поддршка на образовни програми и други активности во служба на заедницата.