Поезија во движење низ Битола: Зборник на поеми

Со радост ви го претставуваме електронскиот Зборник на поеми издадеден во рамки на проектот „Поезија во движење низ Битола“. Зборникот на поеми ги содржи сите поеми кои пристигнаа од учесниците на работилниците за креативно пишување, како и поеми од поддржувачи на работата на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Универзитетското студентско собрание[…]

ПОВИК за учесници на работилници за креативно пишување!

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 –  Битола и Универзитетско студентско собрание УКЛО- Битола со голема радост објавуваат: ПОВИК за учесници на работилници за креативно пишување! Работилниците ќе се одржат на 11 и 12 мај од 18:00 до 19:30 часот преку платфомата Google meet. Радоста е уште поголема што работилниците ќе ги води Ана Голејшка[…]

Поезија во движење

Бројни се анализите и истражувањата кои укажуваат дека квалиетот на животната средина во општина Битола и регионот не е на завидно ниво. Многубројни се факторите кои можат и треба да стремат кон подобрување на состојбата. Граѓаните, особено младите, се само еден од клучните фактори во процесот преку нивната свест за поголема грижа кон животната средина[…]

Повик за членови и волонтери за 2021 година

Ако сте заинтересирани за развој на граѓанското општество, за унапредување на човековите права преку уметност, за подобрување на положбата на младите или, пак, за јакнење на соработката меѓу бизнис секторот и граѓанските организации преку креирање на заеднички простор за работа и учење, тогаш ова е одлична можност за вас. Заинтересираните лица може да аплицираат за[…]

Песна и порака за 21 март

На 21 март се одбележуваат неколку меѓународни денови, а за нашата работа особено важни се  Меѓународниот ден на позијата и Меѓународниот ден за елиминирање на расната дискриминација. ФОРУМ 16 за да ги одбележи овие денови, изработи кратко видео во кое ја споделуваме поезијата на македонски поет Блаже Конески, со јасна порака: Внимавајте на вашите мисли тие стануваат зборови.[…]

Заедно за подобар Интернет

Денес, 9 февруари 2021 година, се одбележува Светскиот ден за безбеден Интернет со активности низ целиот свет. Темата за 2021 година е „Заедно за подобар Интернет“. На овој ден се повикуваат сите засегнати страни да се здружат за да го направат Интернетот побезбеден и подобро место за сите, а особено за децата и младите. Без[…]

Онлајн дискусија: Кино Кабаре настаните пред и по КОВИД-19: предизвици и решенија

КиноБит ви најавува онлајн дискусија на тема „Кино Кабаре настаните пред и по КОВИД-19: предизвици и решенија“. Дискусијата ќе се одржи на 10 декември 2020 година во 18:00 часот преку Google meets.За да го најавите вашиот интерес за учество во дискусијата, ве замолуваме да оставите податоци на линкот за да може да ви испратиме линк[…]

Кино Кабаре Битола за 2020 година нема да се одржи

Ви соопштуваме дека по бројни и неколкумесечни консултации со членовите и волонтерите на ФОРУМ 16*, претставници на некои европски Кино ќелии и со потенцијални поддржувачи, Кино Кабаре Битола за 2020 година нема да се одржи! Причината се условите во кои требаше да се организира овој настан, а кои се променети поради пандемијата од КОВИД-19 вирусот.[…]

Кампања против гласини: Гласно сокаче – Будно чикмаче, 2020

Преглед на проектот: Кампањата против гласини „Гласно сокаче – Будно чикмче“ е серија од работилници и активности во заедницата кои помагаат да се уништат гласините и стереотипите кои влијаат на младите, Ромите, LGBTQI и други малцинства кои живеат во Северна Македонија. Овој проект има за цел да создаде група на активисти против гласини кои ќе[…]

ФОРУМ 16 со признание – Организатор на волонтерска работа за 2019

За време на Неделата на волонтеризам (2-6 декември 2019) ФОРУМ 16 на: – 4-ти декември учествуваше на Саемот за волонтеризам 2019. За време на овој Саем имаше 12 граѓански организации и ококу 500 посетители кои можеа да се информираат за нашата работа во изминатиот, но пред се во периодот кој следува. Саемот, по 5-ти пат,[…]