ФОРУМ 16 со признание – Организатор на волонтерска работа за 2019

За време на Неделата на волонтеризам (2-6 декември 2019) ФОРУМ 16 на: – 4-ти декември учествуваше на Саемот за волонтеризам 2019. За време на овој Саем имаше 12 граѓански организации и ококу 500 посетители кои можеа да се информираат за нашата работа во изминатиот, но пред се во периодот кој следува. Саемот, по 5-ти пат,[…]

Повик за член на Управен одбор на ФОРУМ 16

Почитувани, Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола објавува јавен повик за член на Управен одбор (УО). Според Статутот на ФОРУМ 16, УО е составен од не повеќе од 7 члена, со мандат од 4 години и со право на реизбор. Членовите на Управниот одбор не добиваат финансиски надомест за својата работа во рамките[…]

Студентско (ре)формирање

Цели на проектот: 1. Да се поттикне активно учество на студентите во изборот на студентски тела на државните универзитети „Св. Климент Охридски“- Битола, „Универзитет во Тетово“- Тетово и универзитет „Гоце Делчев“- Штип 2. Да се зголеми транспарентноста и оттчетноста на студентските претставнички тела 3. Да се поттикнат студентите и студентските и младинските организации на активно[…]

Ново „Гласно сокаче – Будно чикмаче“

Кампањата „Гласно сокаче – Будно чикмаче“ и годинава тргна во битка со гласините. Во текот на септември и почетокот на октомври се организираа серија на работилници со активистите за промена, односно тимот на кампањата кој се формира преку јавен повик од страна на ФОРУМ 16. Во текот на октомври, односно на 25 и 26 октомври,[…]

Учество во проектот „TECHknowledge“

Од 6 до 9 септември 2019 година, двајца претставници на  ФОРУМ 16 учествуваа на состанокот (Advance Planning Visit) кој се одржа во Талин, Естонија, а кој беше една од проектните активности на проектот „TECHknowledge“. Овој проект, односно младинска размена, е предвиден за млади луѓе од 18 до 25 години, кои во периодот од 9 до[…]

Награден конкурс по повод 12 август, Ден на младите

ФОРУМ 16 оваа година Меѓународниот ден на млади, 12 август, ќе го одбележи со избор на најдобар дизајн за промотивен материјал на нашата организација. Право на учество имаат млади луѓе од 15 до 29 години, од Пелагонискиот регион, кои ќе предложат дизајн за стикери кои ФОРУМ 16 ќе ги користи во иднина. Идејните решенија треба[…]

Повик за учесници за Гласно сокаче – Будно чикмаче

Овој септември по втор пат сакаме да ја организираме кампањата „Гласно сокаче – Будно чикмаче“! Оваа кампања ФОРУМ 16 прв пат ја организира во октомври минатата година. Истата има за цел да го охрабри меѓугенерацискиот дијалог и меѓусебното почитување преку волонтерски активности за создавање или обновување на интересни, но игнорирани јавни места каде што соседите[…]

Кино Кабаре Битола 2019: Проекција на филмови

КиноБит ве поканува на проекција на кратки филмови на 7 април 2019 година во 18 часот, во Малата сала на Центарот за култура во Битола. Кратките филмови се изработени од страна на учесниците за време на настанот Кино Кабаре Битола 2019. Концептот на овој настан е изработка на кратки филмови во краток временски период (48-72[…]

„Светло. Камера. Акција! За активни и вклучени млади“

На 16 март 2019 година, во 17 часот, во Малата сала на Центарот за култура Битола, ФОРУМ 16 го организира донаторскиот настан „Светло. Камера. Акција! За активни и вклучени млади“. На овој настан: ќе се дискутира за важноста на филмот за граѓанското учество со гостите Сашо Н. Алушевски и Ана Алексовска; ќе се прикажат дел[…]

Кино Кабаре Битола 2019 – Повик за учесници!

КиноБит го објавува повикот за учесници на Кино Кабаре Битола за 2019 година. Повикот е отворен за лица на возраст од 18 до 30 години од Пелагонискиот и Југозападниот регион на Македонија. Не е потребно претходно искуство во филмови, сите се добредојдени. Лицата заинтересирани за учество се охрабруваат да ја пополнат апликацијата за учесник најдоцна[…]