ФОРУМ 16 членка на Платформата „Младите против насилство“

Од јуни 2021 година ФОРУМ 16 е избрана за членка на „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“.

Во рамки на оваа платформа заеднички ќе се работи на едукација на младите, како превенција од радикализација, насилен екстремизам и тероризам. Членки на платформата се граѓански организации кои работат со млади, едукација на младите и активности за превенција од радикализација, насилен екстремизам и тероризам, младите кои живеат во Скопје, Куманово и Струга и средните училишта, наставниците, претставници на општините и други институции.

Спроведувачки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ се Иницијатива за Европска перспектива (ИЕП) во партнерство со Нексус – Граѓански концепт од Скопје, ЗРА – Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово.

Времетраење на проектот е од јануари 2020 до декември 2023.