ФОРУМ 16 со признание – Организатор на волонтерска работа за 2019

За време на Неделата на волонтеризам (2-6 декември 2019) ФОРУМ 16 на:

– 4-ти декември учествуваше на Саемот за волонтеризам 2019. За време на овој Саем имаше 12 граѓански организации и ококу 500 посетители кои можеа да се информираат за нашата работа во изминатиот, но пред се во периодот кој следува. Саемот, по 5-ти пат, беше во организација на Американското катче Битола. Благодаарност до сите училишта и факултети, ученици и студенти, како и останати граѓани за нивниот интерес за нашата работа.

– 5-ти декември, на Меѓународниот ден на волонтеризмот, од страна на  Локалниот Совет за Волонтерство на Општина Битола – ЛСВ ни беше доделено ВОЛОНТЕРСКО ПРИЗНАНИЕ – Организатор на волонтерска работа за 2019, и тоа за организирање по втор пат на кампањата против гласини „Гласно сокаче – Будно чикмаче“. Ова признание е доказ за насоката која сме ја избрале, како и мотиваација да продолжиме со напорна работа и во иднина.

Неделата на волонтеризам се организира за прв пат во Битола од страна на организациите СФЕРА и ИМКА, како дел од програмата за работа на ЛСВ, а со финансиска поддршка на Општина Битола.