Успешен крај на нашата краудфандинг кампања

Со возбуда објавуваме дека, конечно, Generosity.com го реши проблемот со обработката на некои донации, и подготвени сме официјално да ја затвориме нашата краудфандинг кампања „КиноБит: Алатка за јакнење на млади активисти“. Огромно БЛАГОДАРАМ на сите наши поддржувачи, особено на оние кои, исто така, беа донатори во овој наш обид да прибереме финансиски средства. Нашата кампања надмина 1.500 американски долари, средства за поддршка на македонски креативни и млади активисти. Вашите подароци и донации ни помогнаа да ги зголемиме нашите напори за преостаната поддршка што ни е потребна за да ја започнеме нашата програма КиноБит.

Што следува? Веднаш штом кампањата е официјално затворена, ќе организираме средствата да бидат префрлени на сметката на ФОРУМ 16. Прво, треба да испратиме неколку подароци како знак на благодарност. Очекуваме ова да го сториме пред крајот на септември. Како што беше планирано, останатите средства ќе бидат искористени за набавка на опрема за нашиот прв (КиноБит) кино кабере настан. Ќе го одложиме купувањето на опремата додека не обезбедиме доволно средства од други извори за да обезбедиме успешна програма за кино кабаре настанот, кој очекуваме да се одржи на почетокот од следната година.

Во меѓувреме, ќе се потрудиме сите да бидат информирани за нашиот напредок и со нетрпение очекуваме да ги споделиме нашите успеси во месеците што следат.

Со многу љубов и благодарност,

Тим на ФОРУМ 16