Студентско (ре)формирање

Цели на проектот:

1. Да се поттикне активно учество на студентите во изборот на студентски тела на државните универзитети „Св. Климент Охридски“- Битола, „Универзитет во Тетово“- Тетово и универзитет „Гоце Делчев“- Штип

2. Да се зголеми транспарентноста и оттчетноста на студентските претставнички тела

3. Да се поттикнат студентите и студентските и младинските организации на активно следење и застапување за транспарентни студентски избори

4. Да се подготви анализа на состојбата со воспоставување на новиот модел на студентско организирање во државните универзитети

Активности:

– Промотивен настан (kick-off) за почеток на проектот.

– Работилница за подготовка на план за застапување.

– Кампања за студентско организирање –насочена првенствено кон студентите.

– Кампања за студентско организирање – застапување за спроведување на моделот на студентско организирање насочено кон деканските/ректорските управи.

– Работилница за подготовка на матрица за мониторинг .

– Мониторинг.

– Сеопфатна анализа за студентско организирање, која ќе опфаќа законска и статутарната поставеност на студентското организирање на државните универзитети во Македонија, роковите за спроведување на студентски избори, како и овластувањата, правата и одговорностите на студентските тела во рамки на Универзитетите, но и резултатите од практично спроведување на новиот модел на студентско организирање и препораките од спроведениот мониторинг.

– Промоција на анализата и резултатите од мониторинг.

Период на реализација: 01.10.2019-31.03.2020

Проектот го имплементира Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), заедно со организациите – членки Фондација за развој на локалната заедница Штип, Младински Културен Центар – Битола, ФОРУМ 16 – Битола, СФЕРА Интернешнал – Битола и Центар за едукација и развој – ЦЕД, а финансиски е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).