Работилница за работнички права на млади

Ај да поработиме на темата“ беше насловот на работилницата која ФОРУМ 16 ја одржа на 7 јуни 2018 година како дел од кампањата„365 дена рабтнички права за младите“. ФОРУМ 16 е локален партнер на Коалиција СЕГА во имплементација на дел од активностите на кампањата на територијата на Битола.

На самата работилница, која се одржа во просториите на Младинскиот културен центар Битола, присутните имаа можност да се запознаат со правата и обврските на работниците и работодавачите, потоа со условите за работа, работното време, одморите и платата, како и со бебедноста при работа и на работното место. За време на работилницата користевме интерактивни методи за работа, а го користевме и прирачникот „Rights@Work for Youth“ на Меѓународната организација за труд.

Кампањата „365 работнички права за младите“ се спроведува со финансиска поддршка од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија и поддршка од Државниот инспекторат за труд и Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Коалиција СЕГА. Целта на кампањата е да се подигне свеста кај младите за нивните работнички права кои им се загарантирани во согласност со Законот за работни односи.

Email адресата е 365prava@fakulteti.mk на која 24/7 може да се информирате, да пријавувате неправилности и прекршување на вашите работнички права.