Работилница за борба против говор на омраза: Младите за младите со љубов

На 07 декември 2016 година во ОУ „Коле Канински” во Битола, Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола ќе одржи работилница за борба против говор на омраза „Младите за младите со љубов“. Работилницата ќе започне во 11 часот и ќе трае до 13 часот. На работилницата, волонтерите на ФОРУМ 16 преку интерактивни методи на работа, ќе им ја презентираат на учениците важноста на борбата против говорот на омраза. На крајот од работилницата учениците треба да изработат постер со тема: Што би направил/а околу говорот на омраза кога би бил/а суперхерој/ка?

Работилницата „Младите за младите со љубов“ е продолжување на активностите кои ФОРУМ 16 ги организира во рамките на Движењето против говор на омраза (No Hate Speech Movement) и одбележување на Акцискиот ден 10-ти декември, Меѓународен ден на човековите права.

Ве покануваме да ни се придружите во оваа заедничка борба против говорот на омраза.