Повик за ангажирање на лице за изработка на видео

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола за потребите на проектот „Кампања против гласини: Гласно сокаче – Будно чикмаче“ поддржан од Советот на Европа преку Европската младинска фондација, објавува повик за избор на правно лице кое ќе биде ангажирано да изработи видео за промоција на Проектот.

Задачи и обем на работа:

  • Снимање за време на проектни активности во Битола, согласно временската рамка на Проектот, односно во периодот од септември до ноември 2020 година
  • Изработка на промотивно видео за потребите на Проектот, односно видео кое ќе вклучува снимки снимени на секој од неколкуте проектни активности, како и описен материјал во форма на интервјуа и графичко претставување на проектните информации
  • Соработка со тимот на ФОРУМ 16 и останати лица ангажирани во рамки на Проектот
  • Видеото треба да биде околу 20 минути со конечна содржина и редакциски промени како што се бара од проектниот тим. Истото треба да помогне во споделување на добри практики од проектот со останати засегнати страни, да биде дел од финалниот извештај за донаторот, како и да помогне во промоција на проектот во медиумите и во јавноста.

Заинтересираните страни треба да достават предлози со следниве информации:

1. Листа на трошоци (вклучително и материјали) која ќе вклучува:

– трошоци за планирање и монтирање на видеото по забелешките од состаноците со проектниот тим;

– трошоци за снимање на местото на спроведување на активностите;

– трошоци за финално монтирање и рендерирање на видеото, кое ќе го вклучува оригиналниот снимен видео материјал, како и графици, фотографии, наслови, преводи и видео материјал обезбедени од страна на проектниот тим;

– цените да бидат изразени во МКД со вклучен ДДВ.

2. Веб линкови до примери за досегашната работа на слични по комплексност и квалитет работни задачи; и

3. Контакт информации од минати клиенти кои можат да бидат контактирани за референци.

Рок за пријавување:

Сите заинтересирани страни понудите можат да ги достават на е-пошта: contact@forum16.eu

Повикот е отворен до 19 јуни 2020 година (до 17 часот). Само кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат контактирани и повикани на разговор.

Проектот „Кампања против гласини: Гласно Сокаче – Будно Чикмаче“ го спроведува Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Главните цели на овој проект се обука на 15 агенти против гласини за идентификување на гласини во заедницата и нивно решавање со стратегиите што ќе ги научат за време на обуката, како и подобрување на капацитетите на ФОРУМ 16 за спроведување на кампањи против гласини во заедницата преку создавање прирачник против гласини и преку создавање поактивни работилници за време на обуката. Проектот е поддржан од грант од Советот на Европа преку Европската младинска фондација.