Повик за ангажирање на графички дизајнер

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола за потребите на проектот „Кампања против гласини: Гласно сокаче – Будно чикмаче“ поддржан од Советот на Европа преку Европската младинска фондација, објавува повик за избор на лице (графички дизајнер). Лицето ќе биде ангажирано да понуди графички решенија до ниво на подготовка на печатење за промотивните материјали во рамки на Проектот.

Задачи на графичкиот дизајнер:

  • Изработка на промотивни материјали согласно проектната апликација и Планот за комуникации во рамки на Проектот
  • Изработка на промотивни материјали по потреба, а за потребите на Проектот

Потребни квалификации:

Кандидатите треба да имаат познавање од следниве програми:

  • Adobe Illustrator
  • Adobe Photoshop
  • CorelDraw

Кандидатите треба да имаат претходно искуство во изработка на промотивни материјали.

Кандидатите треба да поседуваат спoсoбнoст за рабoта пoд притисoк и сo рoкoви.

Потребни документи за пријаување:

Заинтересираните кандидати на contact@forum16.eu треба да испратат кратка биографија и примери од изработени производи од претходен ангажман.

Рок за пријавување:

Повикот е отворен до 15 јуни 2020 година (до 17 часот). Само кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат контактирани и повикани на разговор.

Проектот „Кампања против гласини: Гласно Сокаче – Будно Чикмаче“ го спроведува Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола. Главните цели на овој проект се обука на 15 агенти против гласини за идентификување на гласини во заедницата и нивно решавање со стратегиите што ќе ги научат за време на обуката, како и подобрување на капацитетите на ФОРУМ 16 за спроведување на кампањи против гласини во заедницата преку создавање прирачник против гласини и преку создавање поактивни работилници за време на обуката. Проектот е поддржан од грант од Советот на Европа преку Европската младинска фондација.