Песни во автобусите за јавен превоз низ Битола

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола преку проектот „Поезија во движење низ Битола“ поставија песни во сите автобуските превозници на општинскиот редовен превоз на општина Битола.

Во автобусите на: Транскоп, Гопеш транс, Лука превоз, Џем турс и Боби турс, постевени се 17 песни напишани од студенти на УКЛО и поддржувачи на работата на ФОРУМ 16 и УСС УКЛО. Целта со овој проект и оваа проектна активност е преку поезијата како алатка да се промовира користењето на јавен превоз и да се влијае во подобрување на животната средина во општина Битола.

„Песните се еден начин на кој се обидовме да ги мотивираме младите не само да го искажат своето мислење и став за Битола, за животната средина, за урбаниот простор и за други теми од нивни интерес, туку и да се мотивираат да користат јавен транспорт и така да придонесат кон здраво животно окружување. Истовремно сакавме да им го разубавиме времето на сите оние кои користат градски превоз особено во години кои се доста предизвикувачки и загрижувачки поради пандемијата од КОВИД 19- вирусот. Особено сме благодарни до сите автобуски превозници кои кога им ја најавивме идејата, веднаш обезбедија поддршка и дадоа согласност да се постават поеми во автобусите.“, велат од ФОРУМ 16 и УСС УКЛО.

За оваа активност на проектот „Поезија во движење низ Битола“ информираа:

Апла

Радио МОФ

Сакам да кажам

Радио Слободна Европа

Шеталиште