Песна и порака за 21 март

На 21 март се одбележуваат неколку меѓународни денови, а за нашата работа особено важни се  Меѓународниот ден на позијата и Меѓународниот ден за елиминирање на расната дискриминација.

ФОРУМ 16 за да ги одбележи овие денови, изработи кратко видео во кое ја споделуваме поезијата на македонски поет Блаже Конески, со јасна порака:

Внимавајте на вашите мисли тие стануваат зборови.

Внимавајте на вашите зборови тие стануваат акции.

ПЕСНА

О пеј ми, пеј ми!

Каква песна!

За едно пее

за друго збори:

„Сѐ што си рекол,

сѐ што си сторил,

случајно не е,

простено не е.“

Блаже Конески