Нова генерација млади лидери за справување со говор на омраза

Преглед на проектот:

Целта на проектот „Нова генерација млади лидери за спрвавување со говор на омраза“ е да се промовира развој на планови кои ќе бидат пример за адресирање на говор на омраза во битолските средни училишта.

Главните цели се:

  • Да се обучат ученичките лидери и училишната служба за превенција и справување со говор на омраза
  • Да се промовира развој на методи за училиштата за справување со говор на омраза
  • Да се зголеми свеста и пријавувањето на училишни инциденти поврзани со говор на омраза

Проектот ќе биде имплментиран во период од шест месеци почнувајќи со јуни 2017, и ќе биде завршен на време за да се демонстрира неговото влијане за време на училишната година 2017-2018. Таргет групи се службите на училиштата кои обично се вклучени кога навредливиот говор ќе стане сериозен проблем (училишни псхолози и педагози) и младински лидери кои имаат официјални улоги во училиштето (младински актив, совет, дете правобранител и други официјални младински групи) во седумте средни училишта во Битола.

Активности: Предвидени се еден ден од обука за школската служба (по двајца претставници од училиште), четири дена интензивна обука за ученичките лидери (по четворица претставници од училиште), и нивна заедничка средба за финално планирање на планови и методи во секое од училиштата за адресирање на говорот на омраза, следејќи ги насоките од експерти за превенција и справување со говор на омраза.

Имплементација: Здружение за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола

Проектот е финансиран од Европската Младинска Фондација.