Награда за идејата Градина на заедницата –Битола

На наградниот конкурс #ОдличенПроекторганизиран од страна на Радио МОФ, ФОРУМ 16 освои трета награда за идејата Градина на заедницата Битола.

Фото приказната „Социјална зграда“ на Викторија Тасева осво прво место, а според бројот на гласови, на второ место е проектот „Стара битолска барутана“ на Иле Петровски.

Најдобрата фото-приказна како награда доби мобилен телефон Huawei P8 Lite, за второто место беше предвиден HDD External 2.5″ 1TB USB 3.0 Western Digital MyPassport, додека третопласираното дело беше наградено со Power Bank Platinet Portable for Smartphone and Tablet 13000mAh.

На конкурсот на Радио МОФ најдобрата фото приказна заедно ја бираа читателите и комисијата од Радио МОФ. Со конкурсот, Радио МОФ ја затвори кампањата #ОдличенПроект, во чиј фокус изминатово лето беа теми за уметност, активизам, будење на граѓанската свест и слобода на изразување.Повикот беше отворен и спроведен од Радио МОФ, а поддржан од National Endowment for Democracy.

Извор: Радио МОФ