Кино Кабаре Битола 2019 – Повик за учесници!

КиноБит го објавува повикот за учесници на Кино Кабаре Битола за 2019 година. Повикот е отворен за лица на возраст од 18 до 30 години од Пелагонискиот и Југозападниот регион на Македонија. Не е потребно претходно искуство во филмови, сите се добредојдени. Лицата заинтересирани за учество се охрабруваат да ја пополнат апликацијата за учесник најдоцна до 11 март 2019 година. Селектираните учесници ќе бидат замолени да платат симболичен надоместок за учество од 300 денари. За учесниците од другите градови, КиноБит ќе обезбеди покривање на патни трошоци, сместување и три оброци во текот на денот. Останати трошоци се на товар на учесниците.

Повеќе за Кино Кабаре Битола 2019

Кино Кабаре Битола 2019 ќе се реализира во Битола во периодот од 2 до 8 април 2019 година. Пристигнувањето на учесниците во Битола е на 2 април, а заминувањето е на 8 април. Во меѓувреме, програмата ќе се фокусира на запознавање на учесниците и формирање на тимови, како и работилници со стручни лица за техничките аспекти на филмот и за промовирање на човековите права преку визуелните уметности. Потоа, учесниците ќе работат заедно за да подготват, произведат и прикажат кратки филмови.

Учесниците за време на Кино Кабере Битола се очекува да бидат дел од најмалку еден тим како продуцент, режисер, актер, камерман, монтажер и друго. Исто така, ќе можат да помогнат за потребите на друг тим. На пример, еден учесник може да биде актер во еден тим, а режисер или монтажер во друг. Учесниците треба да донесат каква било опрема за снимање и монтирање на видео (камера, телефони, лаптоп и друго).

Повеќе за КиноБит

КиноБит е кино ќелија (клетка) во Битола и од 2018 година е дел од светското Кино движење* кое започна во Монтреал во 1999 година и кое движење има за цел да организира Кино Кабаре настани за време на кои се изработуваат кратки филмови за краток временски период (од 48-72 часа). Ќелијата КиноБит има специјална мисија – да го искористи краткиот филм како средство за промовирање на човековите права во Македонија. Иницијатор за формирање на КиноБит и организатор на Кино Кабаре Битола е Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола, а партнери во организацијата се граѓанските организации: СФЕРА Македонија, Центар за европски развој и интеграција ЦЕРИ и ИНОВА ЛАБ. И годинава, поддршка имаме од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и НУ Центар за култура-Битола.

Дополнителни информации

Лицата кои се заинтересирани да волонтираат и обезбедат техничка или логистичка поддршка, како и оние лица кои можат да помогнат со спонзорства или да помогнат на друг начин, се охрабруваат да се јават на 078 535 606. Поддржувачите ќе добијат кредити во продукциите на Кино Кабере Битола.

  • Информации за светското Кино движење може да се најдат на следните линкови:
    https://en.wikipedia.org/wiki/Kino_(movement)
    http://kinokabaret.org/
    https://www.facebook.com/groups/Kino.Network/