Кино Кабаре Битола за 2020 година нема да се одржи

Ви соопштуваме дека по бројни и неколкумесечни консултации со членовите и волонтерите на ФОРУМ 16*, претставници на некои европски Кино ќелии и со потенцијални поддржувачи, Кино Кабаре Битола за 2020 година нема да се одржи!

Причината се условите во кои требаше да се организира овој настан, а кои се променети поради пандемијата од КОВИД-19 вирусот.

Но, ФОРУМ 16 преку КиноБит ќелијата, во текот на следните месеци ќе организира онлајн дискусија за да видиме како во иднина и во пост-ковид услови, би се одржувал овој настан.

*ФОРУМ 16 е иницијатор за формирање на КиноБит кино ќелијата во Македонија и организатор на Кино Кабаре Битола настанот.