“Зошто да одите во странство кога може да останете и да ја развивате вашата држава”

Преглед на проектот

Носител: Здружение на граѓани ЦЕФЕ Македонија, Скопје

Партнери: Здружение за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Здружението на граѓани Центар за одржлив развој и напредна едукација, Битола.

Цел: Да се спречи одливот на мозоци, да се придонесе за намалување на невработеноста, придонесувајќи кон економски развој во Република Македонија.

Целна група: јавноста, бизнис, образовниот и граѓанскиот сектор.

 

Цели:

– Да се снимаат 9 видеа, во кои ќе говорат лица од различни сектори (бизнис, јавен, образовен). Видеата ќе документираат какви видови на можности и поддршка за претприемачите се моментално достапни во Македонија и ќе понудат иновативни идеи како може да се подобри ситуацијата;

– Да се презентираат изворите на поддршка кои во моментов им се располагање на постоечките компании (со цел и понатаму да ги прошират своите бизниси) и на стартап-ите (со цел да се мотивираат лицата- особено студентите да основаат сопствени бизниси). Тоа ќе се оствари преку собири во Битола, Скопје, Тетово, Штип, Охрид и Струмица;

– Да се понудат идеи на државните институции надлежни за развој на претприемништвото како тие можат креативно да ги поддржуваат претприемачите, преку примери од други економии;

– Да се зајакне меѓусекторската соработка (бизнис, јавен, образовен сектор), со цел да се воведат креативни пристапи во поддршка на креирањето и растот на претприемачите.

 

Активности:

 

ВИДЕА

Во рамките на проектот се продуцираа 9 кратки видеа кои содржат информации за различни видови на поддршка за стартап бизниси, како и за постоечките мали и средни претпријатија и идеи за државните институции и факултетите како тие можат да воведат нови креативни начини за поддршка на претприемаштвото во Македонија на следните теми:

1.Историја и корени на претприемаштвото во Македонија

2.Улога на владата

3.Улога на филантропијата

4.Организации за поддршка на претприемаштвото

5.Универзитети

6.Seed акселератори

7.Бизнис ангели

8.Venture капитал

9.Иднината на претприемаштвото

Видеата содржат интервјуа со македонски примери од јавен, бизнис, образовен и граѓански сектор, објаснувајќи ја ситуацијата во Македонија и ќе понудат доста интересни информации и знаење од онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing entrepreneurship in transitioning economies“ (кој го води Професорот Michael Goldberg од Case Western Reserve University) за претприемачкиот еко систем во Кливленд Охајо САД и креативни стратегии и методи на поддршка на бизниси. Покрај тоа, видеата содржат идеи за тоа како државните институции, локалните власти, факултетите во Македонија можат да бидат проактивни во поддршка на претприемаштвото преку креативни и иновативни начини. Овие видеа со примери од Македонската економија, се вклучени како дополнителни видеа на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing entrepreneurship in transitioning economies“ кој го следат преку 20.000 лица од целиот свет.

 

СРЕДБИ

Средбите се одржаа во Скопје, Битола, Тетово, Штип, Охрид и Струмица (01.03-20.04.2014) за вмрежување, поставување на прашања и дискусија за раст на бизнисите во секој град. На средбите присуствуваа заинтересирани страни, владини претставници и претставници на универзитетите, деловни луѓе и потенцијални претприемачи.

 

КОНФЕРЕНЦИЈА

Завршната еднодневна конференција се одржа со претставници од бизнис, јавниот, граѓанскиот и образовниот сектор. Учесниците имаа можност да слушнат за резултатите од проектот и во различни сесии и групи разговараа за можностите за заеднички напор и подобрување на меѓусекторска соработка за да се овозможи подобра клима за поддршка на претприемачите – столбот на македонската економија. Конференцијата се одржа во мај 2015 година.

 

Овој проект е финансиран со 22.081,52 долари од Амбасадата на САД во Македонија