Годишно Собрание на 23 септември 2017

Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола ќе го одржи своето Годишно Собрание на 23-ти септември, сабота. Собранието ќе биде во канцелариите на Здружението, лоцирани во Населба Кланица бр. 11 (Печурка), од 19:00.

Сите сегашни членови се повикани да учествуваат. За да бидете дел од собранието како член со право на глас, треба да ја платите предвидената чланарина, најдоцна до 17:00 часот, петок, 22-ри септември.

Членовите кои до сега не ја имаат добиено агендата за Годишното Собрание, да се обратат до Здружението.

Чекорите за да станете член на ФОРУМ 16 се следниве:

  1. Пополнете апликација за членство, испечатете ја, потпишете ја, скенирајте ја и пратете ја на contact@forum16.eu
  2. Чекајте да добиете потврда од ФОРУМ 16 и покана да ја платите членарината
  3. Уплатете членарина. Согласно одлуката на Управниот одбор на организацијата, членарината за 2017 година е 600 денари (10 евра). Уплатата, со цел на дознака: членарина за 2017 година, може да се изврши на сметката на ФОРУМ 16:

200002639380274
Стопанска банка АД Скопје
ул. Широк Сокак бр.62, 7000 Битола

За дополнителни информации ве замолуваме да пишете на contact@forum16.eu.