Годишно Собрание на ФОРУМ 16 за 2016 година

На 27-ти август во хотел „Бела Куќа“ во Битола се одржа Годишното Собрание на ФОРУМ 16 за 2016 година. За време на седницата се избраа членови на новиот Управен одбор на Здружението со мандат од четири години. Исто така, усвоена беше Годишната програма за 2017 година, а се  одреди и висината на членарина за наредната година која ќе изнесува 600 денари на годишно ниво. Собранието одобри приклучување на ФОРУМ 16 кон платформите на младински организации: Коалицијата СЕГА и Национален младински совет на Македонија (НМСМ).