Пред само една година, ФОРУМ 16 ја отвори својата прва канцеларија во простор кој го делевме со нашите колеги во ЦЕФЕ Македонија. Кога ЦЕФЕ го пресели своето седиште во Скопје во текот на јануари, бевме добредојдени во нов заеднички простор со нашите колеги од СФЕРА Македонија. Минатиот месец започнавме да работиме во нова самостојна канцеларија на ФОРУМ 16, прва откако е формирано Здружението во 2013 година. Вчера пристигна последното парче мебел и со задоволство соопштуваме дека конечно сме функционални во просторот во Населба Кланица 11/1.