ФОРУМ 16 полноправна членка на НМСМ

На Генералното собрание на 19 мај 2018 година на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) беше изгласано ФОРУМ 16 да постане полноправна членка во ова претставничко тело на младинските организации во Македонија.

НМСМ e основана на 29 јуни 2013 година од страна на 55 организации и обединува околу 50-тина организации (младински организации, организации за млади, сојуз, подмладоци на политичките партии и придружни членки) со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.

Членството на НМСМ е разновидно, обединувајќи организации кои работат на национално и регионално ниво, рурални и урбани средини, студентски организации, ограноци на меѓународни организации и други типови на здруженија. Во процесот на остварување на своите цели, НМСМ ги застапува интересите на младите во Република Македонија без разлика на нивната социо-економска положба, пол, раса, етничко и културно потекло, политичкото и верското уверување, сексуална ориентација, родов идентитет или било која друга форма на разлика.

Од 29 ноември 2015 година, Националниот младински совет на Македонија е дел од европското семејство на младински организации, Европски младински форум (ЕМФ).

ФОРУМ 16 својот глас во ова тело ќе го искористи во насока на понатамошна позитивна промена за младите од Битола, регионот и Македонија. Сметаме дека за да се постигне таа промена потребна е поголема меѓусебна соработка и поддршка помеѓу членките на ова тело. Да се надеваме дека со нашата посветена работа ќе го постигнеме и тоа.