ФОРУМ 16 одржа работилница за КЛИПС програмата

На  11 февруари 2017 година, ФОРУМ 16 одржа работилница за Научната програма за граѓанско лидерство (КЛИПС) во Прилеп. Работилницата беше насловена „Правење бранови: како да ја подигнете видливоста и како да ја подобрите дистрибуцијата на резултатите од проектите“.

Учесниците имаа можност преку симулација на прес-конференција да научат како да комуницираат со јавноста и медиумите, како да напишат соопштение за медиуми, како да организираат настан за промоција и како да комуницираат во кризна ситуација.

Програмата КЛИПС во Прилеп е програма за развој на младите.  Самата програма секоја недела вклучува: работилници, разговор на различни теми, споделување искуства, гости предавачи, дебати и дискусии на одредени теми, практична и теренска работа, споделување искуства, индивидуално менторство, сето тоа со цел да им се овозможи на младите да се развијат во идни граѓански лидери.