Претставници на ФОРУМ 16 беа дел од обуката „Ние сме визуелни“ организирана од страна на MakeDox за примена на документарниот филм во неформалното и формалното обрзование за човековите права. Со имплементација на програмата Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола ќе почне во јануари 2017 година, за време на проектот „Академија: Кој ако не младите? Кој ако не ти?“. ФОРУМ 16 ќе го користи образовниот пакет „Ние сме визуелни“ преку (СТ)АРТ програмата, а во соработка со други организации и институции од околината на Битола.
„Образовниот пакет „Ние сме визулени“ се состои од 12 креативни документарни филмови и прирачник за работа со нив а е наменет за формалните и неформалните едукатори на млади на возраст од 12-18 години. Дванаесетте внимателно избрани креативни документарни филмови се креaтивни фрагменти од реалноста за којашто сведочат. Нивното гледање несомнено создава емотивно-спознајна врска со прикажаната реалност, повикувајќи ги гледачите да излезат од позицијата на дистанцирани спектатори. Креативниот документарен филм едноставно поттикнува на промислување и дискусија, на коментар и спротивставување на мислењата, а неговата автентичност, пак, силно „мами“ да се домечтае, доразјасни и како таква да се подреди во соодветните фиоки на сопственото знаење. Секако, критичкото конзумирање и модерираната евалуација се препорачани чинители во овој процес. Во пристапот кон документарниот филм, ова е дури и неопходен дел за често многуслојната и нестандардно изразена материја да може да се раслои, разигра и објасни, па така раслоена и искуствено да се запомни. Токму затоа, за секој филм предлагаме интерактивни активности кои ќе го катализираат овој процес на искуствено доживување и спознавање.“ (извор Македокс)