По повод 10 декември, Меѓународниот ден за човекови права, ФОРУМ 16 организира доделување на сертификати за учество во две програмски активности кои промовираа човекови права на креативен и иновативен начин. Станува збор за настаните Кино КабареБитола 2018 и кампањата „Гласно сокаче – Будно чикмаче“.

Кино Кабаре Битола 2018 година се одржа во два последователни викенди во октомври 2018 година и имаше за цел да ги обучи учесниците за човековите права, граѓанското учество и за тоа како се изработува филм. Потоа учесниците за кратко време (максимум 72 часа) изработија 6 филма кои адресираа различни општествени потреби и проблеми, како на пример животна средина, младинска невработеност, образование на маргинализирани граѓани и силично. ФОРУМ 16 овој настан го организира во партнерство со организациите СФЕРА и ЦЕРИ (ПОЛИТЕА), поддршка дадоа НУ Центар за култура Битола и Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, а спонзори беа БиМилк, Пекара Александра и Пицерија Метро.
Кампањата „Гласно сокаче – Будно чикмаче“ имаше за цел да поттикне меѓугенерациски дијалот и на тој начин да ги скрши гласините и предрасудите за младите луѓе кои се окарактеризирани како мрзливи и незаинтересирани за нивната заедница. Кампањата индиректно поттикниваше волонтерство и грижа за урбаниот простор. Во текот на септември 2018 се спроведе обука за активисти против гласини. Во октомври активистите, заедно со локалните жители, ја уредија локацијата позната како Бела Чешма во Битола. Во оваа акција поддршка дадоа ЈП Комуналец Битола, ЈП Водовод Битола, Стовариште „Грујо“, ОУ „Тодор Ангелевски“ и ОУ „Даме Груев“, како и Hybrid Minds Crew. Кампањата беше менторски поддршана од ОБСЕ – Мисијата во Скопје.