На 26 октомври Американскотo катче Битола sо поддршка на Амбасадата на САД во Македонија организираа Саем за волонтерство. Овој саем беше само една од активностите кои се организираа за одбележување на 20 години од постоењето и функционирањето на Мировен Корпус во Македонија.
За време на Саемот се претставија 13 локалниорганизации, како и Мировниот корпус, а можностите за волонтирање ги слушнаа околу 300 посетители, претежно млади лица, студенти и средношколци. Претставниците на ФОРУМ 16 за време на Саемот ги прзентираа програмите, тековните активности и идните планови во кои можат дасе вклучат младите лица. Секако посетителите на нашиот штанд имаа можност да ги кажат своите идеи кои ќе настојуваме да ги помогнеме или поддржиме во рамките на нашите можности.
Како дел од актвностите за одбележување на 20 години од функционирање на Мировниот корпусАмериканскот катче Битола организира неколку работилници, панел дискусија на темата волонтерство,како и кулинарска вечер со јадења карактеристични за САД.