Учество во проектот „TECHknowledge“

Од 6 до 9 септември 2019 година, двајца претставници на  ФОРУМ 16 учествуваа на состанокот (Advance Planning Visit) кој се одржа во Талин, Естонија, а кој беше една од проектните активности на проектот „TECHknowledge“.

Овој проект, односно младинска размена, е предвиден за млади луѓе од 18 до 25 години, кои во периодот од 9 до 18 октомври 2019 ќе се сретнат во Талин, Естонијa со цел да развијат вештини за користење на технологијата во процесот на образование и самообразование. Финален продукт од оваа младинска размена е брошура, која може да ја најдете на овој линк.

Проектот „TECHknowledge“ е дел од Еразмус + програмата, а го имплементира организацијата Progress Center од Естонија. Останатите партнерски организации се од Шпанија, Италија, Полска и Холандија.

Во текот на ноември 2019 година треба да се одржат националните проекти активности, односно петте учесници од нашата земја треба да го споделат знаењето и вештините кои ги стекнале на оваа младинска размена со своите врсници.