Програмата (СТ)АРТ ги опфаќа сите активности на ФОРУМ 16 поврзани со уметноста, a кои промовираат активно граѓанство, активизам и човекови права во насока на подобрување на животот во заедницата.
Проекти на ФОРУМ 16 во оваа програма се:
- КиноБит: ФОРУМ 16 ја основа првата кино келија (клетка) во Македонија која меѓу активностите организира годишен Кино Кабаре настан во Битола. За време на овој настан учесниците се собираат заедно да продуцираат оригинални „кратки филмови изработени за кратко време“ притоа промовирајќи човекови права. Со дополнителна поддршка, ФОРУМ 16 се надева дека ќе имплементира Кино Караван за да ги прикаже кратките филмови во различни заедници низ целата земја, како начин за информирање на јавноста и инспирирање на младите луѓе да истражуваат како можат да го користат краткиот филм како стратегија за застапување.
- Гласно сокаче – Будно чикмче: Кампањата на ФОРУМ 16 за справување со негативните гласини, стереотипи и предрасуди има за цел да го охрабри меѓугенерацискиот дијалог и меѓусебното почитување преку волонтерски активности за создавање или обновување на интересни, но игнорирани јавни места каде што соседите и минувачите се дружат заедно. Идејата е дека работата на младите и постарите луѓе да ги подобрат запоставените локации во нашата заедница може да помогне да се промовира атмосфера на вклучување, толеранција и разбирање.
- Поезија во движење: Приближување на уметноста на зборот преку јавен превоз – ФОРУМ 16 настојува да воспостави во Битола практика на прикажување на поезија во јавниот превоз. Ова ќе вклучува годишен отворен повик за кратки поетски творби на одредена тема, со објавување на избраните творби во автобусите и на автобуските стојалишта.