ФОРУМ 16 потпиша Меморандум за соработка со Младиинфо Интернационал за поддршка во организација на Наградата за социјалано претприемништво 2017 година. Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми. Мисијата со наградата е да се зголеми интересот меѓу младите за социјалното претприемништво и преку него тие да ги спознаат можностите за развојот на сопствената кариера.
Наградата за социјално претприемништво е најголемиот Европски проект за младите луѓе и студентите на тема претприемништво. Проектот е основан и инициран од страна на Универзитетот за бизнис и економија во Виена и Impact Hub, а мисијата е да го промовира социјалното претприемништво меѓу младите луѓе и студентите. Едукативната компонента на Наградата за социјално претприемништво е сочинета од шест работилници кои ќе бидат оддржани во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола и Штип. ФОРУМ 16 ќе помогне во организација на работилницата во Битола.