Младите за младите со љубов

Активностите кои Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 ги организира во рамките на националното Националното движење за борба против говор на омраза, беа под наслов “Младите за младите со љубов.” Од ноември 2013 до април 2014 година беа организирани неколку работилници. Работилниците беа поделени во два дела. Во првиот дел беше претставен концептот на човековите права и Движењето. Во текот на вториот дел од работилницата младите имаа можност да ги искажат своите ставови во врска со темата преку цртеж, фотографија, литературни дела или преку дебата. Дополнителена работилница беше организирана на 29 ноември 2014 година во општина Новаци, во соработка со Културно иновативен клуб Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

four + 10 =