Постер на ФОРУМ 16 по повод Денот за безбеден интернет

Денес, 7 февруари, се одбележува како меѓународен Ден за безбеден интернет (Safer Internet Day).  По овој повод Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола го промовира постерот на тема „Ако би бил/а суперхерој/ка што би направил/а против говорот на омраза“. Постерот го изработи нашиот волонтер Дарко Лековски, а за инспирација му служеа цртежите од работилницата „Младите за младите со љубов“ со учениците од ОУ „Коле Канински“ Битола.

Оваа година, Движењето за борба против говор на омраза Денот за безбеден интернет го одбележува под мотото „Биди промената: Обединете се за подобар интернет.“ Движењето ги споделува следниве прашања за да се поттикне критичко размислување за тоа што да направите за да се направи интернетот подобро место за сите.

Ако имате моќ што би направиле за намалување на говорот на омраза на интернет?

Ако имате моќ кои правила би ги промениле за да се направи интернетот побезбеден место за младите луѓе?

Ако имате моќ како би ги намалиле лажните вести на интернет?

Ако имате моќ што би направиле за да се спречи насилство врз децата преку интернет (cyberbullying)?

Ако имате моќ што би направиле за унапредување на демократијата онлајн?

Дали се однесувате на ист начин на интернет како и во реалниот живот? Зошто?

Што правите кога ќе прочитате коментари со говор на омраза?

Како дознаете дали веста на интернет е вистинска или лажна?

Како проверувате дали информациите на интернет се вистински или лажни?

Како можете да им помогнете на пријатели кои се малтретирани на интернет?

Што значи демократската култура на интернет за вас?

Иницијативата за одбележување на Денот за безбеден интернет е на Европската унија, со цел:

  • да ги потсети децата и младите да ја користат одговорно и безбедно светската мрежа и мобилните технологии, како и да размислат за последиците од содржината која ја објавуваат на своите профили
  • да се истакне потребата родителите, образовните институции и други организации да вложуваат повеќе напори за развој на дигиталната и медиумската писменост кај децата од најрана возраст

Страниците за социјална интеракција денес опфаќаат милиони корисници низ Европа, од кои најмногу се застапени млади луѓе, деца и тинејџери. Најчесто оваа категорија на корисници не е свесна дека објавените лични информации (фотографии, видео клипови) остануваат на мрежата при што се изложени на опасноста да бидат злоупотребени од секој кој има пристап до мрежата. Запрашани кои се нивните омилени играчки, децата веднаш посочуваат таблет или смартфон. Па, ризикот да се сретнат со несоодветна содржина на Интернет е голем. Затоа  е потребно е образовниот систем да воведе наставни програми за дигитална и медиумска писменост кај децата уште од предучилишна возраст. За да има резултати, потребно е соработка меѓу училиштето, родителите, академската заедница, институциите и бизнисот.