Поезија во движење

Бројни се анализите и истражувањата кои укажуваат дека квалиетот на животната средина во општина Битола и регионот не е на завидно ниво. Многубројни се факторите кои можат и треба да стремат кон подобрување на состојбата. Граѓаните, особено младите, се само еден од клучните фактори во процесот преку нивната свест за поголема грижа кон животната средина и нивниот поактивен однос во справување со проблемите.

Затоа, ФОРУМ 16 го предлага проект „Поезија во движење низ Битола“ кој треба да ја подигне и зајакне свеста кај младите за етичкиот однос кон животната средина преку нудење на иновативна алатка во процесот на неформална едукација, а тоа е поезијата.

Главната цел на овој проект е преку поезијата како алатка да се промовира користењето на јавен превоз и да се влијае во подобрување на животната средина во општина Битола.

Специфичните цели на проектот се:

1. Да се развијат креативните и да се поттикнат творечките способности кај младите од Битола

2. Да се поттикне користењето на јавниот транспорт во Битола

3. Да се поттикне младинското учество за прашања од интерес на младите луѓе во Битола

Предвидени активности:          

  • Работилници за креативно пишување и младинско учество;
  • Избор на поетски творби кои промовираат свест за животната средина;
  • Прикажување на избрани поетски дела во јавен автобуски превоз и автобуски стојалишта.

Проектот „Поезија во движење низ Битола“ ќе се спроведе во периодот од 1 април 2021 до 31 јули 2021 година.

Овој проект Здружение за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола го спроведува во партнерство со Универзитетско студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и истиот е поддржан со сопствени средства на двата спроведувачи.