Со радост ви го претставуваме електронскиот Зборник на поеми издадеден во рамки на проектот „Поезија во движење низ Битола“.
Зборникот на поеми ги содржи сите поеми кои пристигнаа од учесниците на работилниците за креативно пишување, како и поеми од поддржувачи на работата на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Работилниците за креативно пишување се одржаа на 11 и 12 мај 2021 година со студенти на УКЛО, а истите ги водеше Ана Голејшка-Џикова. Дел од пристигнатите поеми, пак, ќе се објават во автобуски превозници во општина Битола.
Проектот „Поезија во движење низ Битола“ го спроведуваат ФОРУМ 16 и УСС УКЛО во периодот од април до јули 2021 година. Целта на проектот е преку поезијата како алатка да се промовира користењето на јавен превоз и да се влијае во подобрување на животната средина во општина Битола.
Доколу сакате да добиете електронска верзија на Зборикот на поеми, ве молиме пишете ни.