Поддршка на акцијата „НИКОЈ гладен“

На почетокот на април 2018 годинна, ФОРУМ 16 даде поддршка на 4 други граѓански организации во организирање на акција за помош на социјално загрозени семејства.

Имено, на 4 април организацијата Центар за европски развој и интеграции органиизра акција за собирање на нерасиплива храна кој им се додели на 8 социјално загрозени семејства непосредно пред Велигденските празници. Волонтерите на ФОРУМ 16 и на организациите СФЕРА, Црвен крст и Slow Food Macedonia, се вклучија со поддршка на оваа акција.

Поддршката на оваа акција е во согласоност со мисијата на ФОРУМ 16, а тоа е да го мотивира вклучувањето на граѓаните во тековни програми, покети и активности. Се надеваме дека поттикнавме граѓаните да донираат и помогнат на нивни сограѓани и дека таа практика ќе продолжи и во иднина.