Повик за членови на Управен одбор на ФОРУМ 16

Во пресрет на редовното Годишно Собрание за оваа година, ФОРУМ 16 објавува повик за номинирање на членови на Управениот одбор (УО).

Според член 25 од Статутот на  ФОРУМ 16:

  • Управниот одбор  е составен од не повеќе од 7 члена, вклучувајќи го Претседателот, Заменик претседателот и Секретарот.
  • Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години, со право на реизбор.
  • Членовите на Управниот одбор не добиваат финансиски надомест за својата работа во рамките на Одборот.

Според член 26 од Статутот на  ФОРУМ 16, дел од одговорности на Управниот одбор се да:

  • Ги подготвува и свикува седниците на Собранието;
  • Го подготвува нацртот на Статутот, предлог акти и други одлуки што треба да ги донесе Собранието;
  • Дава стратешки насоки за развој на Здружението;
  • Ја разгледува и дава мислење за завршната сметка;
  • Подготвува годишен извештај за својата работа;
  • Ја предложува Годишната програма за одобрување од страна на Собранието;
  • Мониторира и прегледува имплементација на одобрената Годишната програма и буџет;
  • Разгледува и одобрува предлози за нови проекти кои треба да се реализираат од страна на Здружението;
  • Одобрува правилници за внатрешно работење, спогодби со други организации и меморандуми за разбирање;
  • Одлучува за членување на Здружението во сродни организации.

Сите заинтересирани потребно е да испратат:

Пријавувањето се врши на contact@forum16.eu најдоцна до 31 август 2020 година со наслов „Апликација за член на Управен Одбор“.

Секој кандидат ќе има можност да ја претстави својата пријава за време на Годишното Собранието оваа есен, а кое ќе биде закажано во септември 2020 година.  Напоменуваме дека за да се пријавите за член на УО потребно е да сте над 18 години, а исто така нагласуваме дека функцијата Член на Управен Одбор е на волонтерска основа и за истата не е предвиден паричен надомест.

За сите прашања пишете ни contact@forum16.eu или јавете ни на 078/535-606.