Повик за членови и волонтери за 2021 година

Ако сте заинтересирани за развој на граѓанското општество, за унапредување на човековите права преку уметност, за подобрување на положбата на младите или, пак, за јакнење на соработката меѓу бизнис секторот и граѓанските организации преку креирање на заеднички простор за работа и учење, тогаш ова е одлична можност за вас.

Заинтересираните лица може да аплицираат за придружни или редовни членови на ФОРУМ 16, како и за волонтер:

  1. Редовни членови можат да бидат физички лица постари од 18 години кои платиле годишна членарина. Редовните членови можат да присуствуваат на седниците на Собранието и имаат право на глас.
  2. Придружните членови можат да присуствуваат на седниците на Собранието, но немаат право да даваат предлози и немаат право на глас. Овој вид на членство е бесплатно. Придружни членови можат да бидат:
  • Граѓани на возраст од 16 и 18 години;
  • Волонтери вклучени во проектите на Здружението;
  • Почесни членови кои придонеле за мисијата на Здружението, а именувани од страна Претседателот.

Чекорите за да станете член или волонтер на ФОРУМ 16 се следниве:

  • Пополнете апликација за член или за волонтер и пратете ја на contact@forum16.eu
  • Чекајте да добиете потврда од тимот на ФОРУМ 16
  • Уплатете членарина (за редовните членови)

За дополнителни информации ве замолуваме да пишете на contact@forum16.eu.

Со почит,       

Тим на ФОРУМ 16