Ако сте заинтересирани за развој на граѓанското општество, за унапредување на човековите права преку уметност, за подобрување на положбата на младите или, пак, за јакнење на соработката меѓу бизнис секторот и граѓанските организации преку креирање на заеднички простор за работа и учење, тогаш ова е одлична можност за вас.
Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола ги повикува сите заинтересирани граѓани на Република Македонија постари од 16 години да станат членови на организацијата. Членови на ФОРУМ 16 можат да бидат и странски државјани постари од 18 години.
Заинтересираните лица може да аплицираат за приружни или редовни членови на ФОРУМ 16.
- Редовни членови можат да бидат физички лица постари од 18 години кои платиле годишна членарина. Редовните членови можат да присуствуваат на седниците на Собранието и имаат право на глас.
- Придружните членови можат да присуствуваат на седниците на Собранието, но немаат право да даваат предлози и немаат право на глас. Овој вид на членство е бесплатно.Придружни членови можат да бидат:
- Граѓани на Република Македонија на возраст од 16 и 18 години;
- Волонтери вклучени во проектите на Здружението;
- Почесни членови кои придонеле за мисијата на Здружението, а именувани од страна Претседателот.
Чекорите за да станете член на ФОРУМ 16 се следниве:
- Пополнете апликација за членство, испечатете ја, потпишете ја, скенирајте ја и пратете ја на contact@forum16.eu
- Чекајте да добиете потврда од тимот на ФОРУМ 16
- Уплатете членарина. Согласно одлуката на Управниот одбор на организацијата, членарината за 2018 година е 300 денари (5 евра). Уплатата, со цел на дознака: членарина за 2018 година, може да се изврши на сметката на ФОРУМ 16.
За дополнителни информации ве замолуваме да пишете на contact@forum16.eu.
Со почит,
Тим на ФОРУМ 16