Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Универзитетско студентско собрание УКЛО- Битола со голема радост објавуваат:
ПОВИК за учесници на работилници за креативно пишување!
Работилниците ќе се одржат на 11 и 12 мај од 18:00 до 19:30 часот преку платфомата Google meet.
Радоста е уште поголема што работилниците ќе ги води Ана Голејшка Џикова, поетеса, перформерка и активистка.
Работилниците се наменти само за студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола и се организираат во рамки на проектот „Поезија во движење низ Битола“ чија цел е преку поезијата како алатка да се промовира користењето на јавен превоз и да се влијае во подобрување на животната средина во Битола.
Вашата обврска е да се пријавите (на линкот кој го споделуваме), да учествувате, творите и настојувате вашата поема да биде селектирана за промоција во автобуски превозник.
Наша обврска е да ви понудиме незаборавни моменти, знаења, вештини и секако сертификати за потврда на вашиот ангажман.
Рокот за пријавување е 10 мај, 12:00 часот!
