Проектот е имплементиран од страна на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола во периодот од 09-13 јануари 2017 година во Битола. На Академијата можат да се пријават учесници од руралните и урбаните средини на следниве 5 општини: Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Крушево. Ќе бидат избрани 25 учесници (5 учесници од секоја општина) кои ќе се приклучат во заедницата фокусирана на учење и соработка.
Цели на проектот се:
• Да им се овозможи на младите луѓе од различни заедници и академски програми преку структурирана можност да се здобијат со практични знаења и вештини во областа на активното граѓанство и лидерство.
• Да се изгради мрежа на млади луѓе од регионот која ќе го промовира младинскиот активизам и учеството на младите во нивните заедници.
• Да ги поттикне младите да иницираат активности во нивните заедници.
Работилниците за време на академијата ќе ги опфатат следниве теми: градење на тим, презентациски и комуникациски вештини, лидерство, (социјално) претприемништвото, младински активизам и уметност.
Профил на учесниците:
Да бидат на возраст од 16 до 20 години,
Да се заинтересирани за развој и подобрување на животот во нивната заедница,
Да се мотивирани за развој на нивните вештини како активисти и зголемување на нивното знаење за иницирање на промени,
Да бидат во можност да учествуваат на сите сесии за време на Академијата,
Да имаат желба по завршувањето на Академијата да имплементираат активност во нивните заедници.
Логистички информации:
Трошоците кои произлегуваат од обуката ќе бидат целосно покриени од страна на проектот (храна, сместување, материјали за работилницата, патни трошоци во висина на повратна автобуска карта). Селектираните учесници ќе добијат формулар (согласност од нивните родител или старател) кој треба да се врати до ФОРУМ 16 потпишан од родител или старател.
Начин на пријавување:
Испраќање на апликацијата најдоцна до 22 декември 2016 до 23:59 часот.
За време на процесот на селекција, тимот на проектот ќе ги земе во предвид полот, економската и социјалната рамнотежа на учесниците.
За сите прашања и дополнителни информации контактирајте нè на:
Поштенски фах 135, 7000 Битола, Република Македонија
Телефон: +389 (0) 78 535.606
Е-пошта: youthteam@forum16.eu
Web: www.forum16.eu
Фејсбук: www.facebook.com/FORUM16
Фејсбук: www.facebook.com/whoifnotyouth